Укината мерката за условен увоз на брашно

Од:

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука мерката за условен увоз на брашно да престане да важи на 15 септември во 00 часот, информира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на вечерашната прес-конференција.

За укинувањето, како што рече, е информирана и Косовската влада.

– Има најави од косовските медиуми дека ќе биде укината и нивната мерка за забрана на увоз на македонски производи. Сепак за тоа останува да го одлучи Косовската влада, рече Пешевски.

Прецизира дека македонската мерка е направена на тој начин што по автоматизам ќе биде укината веднаш по укинувањето на косовската поради што, како што рече, не е потребно Владата да носи одлука на посебна седница. ј

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата