Убер со загуба од 2,9 милијарди долари за првиот квартал поради коронавирусот

Од:

Компанијата за такси превоз Убер соопшти дека нејзината загуба достигна 2,9 милијарди американски долари во првиот квартал, како резултат на последиците од мерките за ограничување во врска со коронавирусот.

Компанијата и покрај тоа истакнува дека има можност за надминување на состојбта, бидејќи се поголем број луѓе кои седат дома ги користат услугите за нарачка на храна.

Извршниот директор Дара Хосровшахи изјави дека последиците од Ковид-19, според податоците од април, се сериозни, но има знаци за заживување на некои пазари.

Компанијата информира дека резервациите паднале за 80 проценти во целина во април, но полека се опоравуваат.

Нето загубата за кварталот е речиси тројно во однос на претходната година, вклучително отписи во вредност од 2,1 милијарди американски долари за дел од средствата, ставка што компаниите треба да ја пријават како загуби според сметководствените правила.

Убер на почетокот од неделава соопшти дека ќе отпушти 14 проценти од неговите соработници поради големиот пад на клиентите предизвикан од пандемијата.

Компанијата работи во 800 градови во 50 земји во светот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски