Твитер заедницата, на свој начин, ја прокоментира веста, дека на Субрата Рој, индискиот милијардер, кој беше бонбастично најавен од Владата како голем инвеститот, му се замрзнати сметки од Регулаторното тело во Индија.
Еве ги нивните коментари:
– Нормално е да му ги замрзнат парите на Субрата Рој. Алоооо, далеку е Индија, ќе се расипеа!
– Субрат Рој е типичен македонец, блокирана сметка, долгови рој, а во кафана се расфрла со пари за да се докаже.
– Субрата Рој ќе гради смрзнат хотел
– На Субрата Рој денес не му е ни до Трифун, ни до Валентајн
– Ако Вечер прв дознава, тогаш сметките на Субрата Рој не се блокирани
– Индија се погрижи, Субрата Рој да не стане новиот Сведмилк
– Не бе немаме среќа, и сметката на Субрата ја замрзнаа
– Покрај Субрата Рој, к…и еден рој
– Не се плаши, не се бој, нема сметка Субрата Рој