Турските банки неочекувано и денеска предложија да продаваат големи количества долари, спроведувајќи ја големата операција на спасување на националната валута – лирата, соопштија претставници на деловните средини од лондонското Сити, цитирани од агенциите.
-Сето покажано води кон тоа дека турските банки извршуваат операција што има за цел да го поддржи курсот на лирата, посочи трговец со валути.
Како резултат на операцијата попладнево е регистирано зголемување за 0,2 отсто на курсот на лирата во однос на доларот, кога американската валута се разменуваше за 1,89 лири.
Антивладините демонстрации и протести во различни делови на Турција, што траат од 31 мај, почнуваат негативно да се одразуваат врз економијата на земјата. Во последните денови е регистриран силен пад на главниот индекс на Истанбулската берза, а државните обврзници на Турција се обезвреднети.