Трошоците на живот во август во однос на јули повисоки

Од:

Трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август во однос на јули годинава се повисоки за 0,3 проценти, а споредено со август лани за 2,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август во однос на јули оваа годинја пораст на трошоците на живот е забележан во групите: транспорт за 1,8 проценти, храна и безалкохолни пијалаци и мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун, рекреација и култура и останати стоки и услуги за 0,1 проценти.
Статистика евидентира намалување на трошоците на живот во групите: облека и обувки за 0,2 проценти и домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0,1 процент. На ниво од претходниот месец останаа трошоците за групите: здравје, комуникации, образование и ресторани и хотели.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата