Трипуновски: Владата јавно да каже дека не сака да ги пренамени непродуктивните трошења за субвенции

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска ги повика СДСМ и власта јавно да кажат дека не сакаат да ги пренаменат непродуктивните трошења во висина од 158 милиони денари за исплата на субвенции од предходни години.

Трипуновски во изјава пред зградата на Владата, истакна дека, наместо грижа за земјоделците, се дава приоритет на донесување правилници за извоз на необработени дијаманти.

-Додека Спасовски и Димковски во оваа зграда зад мене планираат да испијат три тона кафе и да изедат 700 килограми бадеми, земјоделците мака мачат како да го продадат произведеното и да ги прехранат семејствата. Уште пред 10 дена предложив измена на Програмата за рурален развој и Програмата за финансиска поддршка во земјоделство каде предлагам непродуктивни средства во висина од 158 милиони денари да се пренаменат за исплата на субвенции од предходни години, со што земјоделците ќе земат некој денар за да го поминат периодов, но и да се спремат за сезоната која веќе е во тек. Десет дена поминаа, а материјалот што го предложив никако да стигне на дневен ред. Владата дава приоритет на донесување правилници за извоз на необработени дијаманти, рече дополнителниот заменик-министер.

Според него, очигледно е дека СДСМ не се откажува ниту од шетање, ниту од луксузирање.

-Затоа од тука јавно ги повикувам да кажат дека не им е грижа за земјоделците и затоа не сакаат да ги пренаменат овие средства, додаде Трипуновски кој оваа изјава ја напиша и на својот официјален фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата