Трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека најголем дел од трговците го почитуваат укажувањето што им беше упатено за да ги вратат цените на производите на ниво од пред зголемувањето што го направија откако стапи во сила акцијата „Новогодишна кошница“ за што алармираа граѓаните.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски денеска рече дека ќе се следи состојбата и доколку има девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки. Потсети дека секогаш е на располагање можноста за повторно ограничување на цените со одлука на Владата.

– Утрово разговарав со министерот за економија и труд, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на ДПИ дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред да добијат покачување. Го почитуваат укажувањето што јавно го упативме до нив. Очекувам во периодот што следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на ДПИ ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени мерки. Инаку, последната мерка што Владата ја има на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, но во овој момент гледаме дека најголемиот дел од трговците она укажување и замолница ја почитуваат, изјави Мицкоски, по презентацијата на резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи.

По поплаките од граѓаните за пoскапувањата на основните прехранбени производи што не беа опфатени со Новогодишната кошничка, Мицкоски завчера најави робусна реакција на Владата во наредниот период, а министерот за економија Бесар Дурмиши информираше дека Државниот пазарен инспекторат на терен прави анализи како се движеле цените во изминатите три месеци и оти по завршување на анализите ќе се донесе одлука дали ќе бидат донесени поригорозни мерки.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Горан Наумовски

За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Започнуваме еден од клучните инфраструктурни проекти-изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Довербата на граѓаните во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски е огромна