Токенизацијата на пат кон пазар од трилиони долари

Од:

Токенизацијата преминува од тесно специјализиран експеримент во една од најјасните долгорочни теми на раст што ги поврзуваат крипто-секторот и традиционалните финансии. Новата анализа на Binance Research покажува дека вредноста на дистрибуираните токенизирани средства од реалниот свет достигнува 31,4 милијарди долари, од околу 21,5 милијарди долари на почетокот на 2026 година и приближно пет пати повеќе во споредба со почетокот на 2025 година. Растот е предводен од токенизирани производи поврзани со американски државни обврзници, суровини поткрепени со злато и токенизирани јавно тргувани акции, при што токенизираните акции достигнуваат околу 1,5 милијарди долари, од ниво под 300 милиони долари на почетокот на 2025 година.

Но овој видлив сегмент на пазарот покажува само дел од приказната. Поширокото присуство на токенизирани средства е веќе многу поголемо. Надвор од токенизираните средства што можат слободно да се пренесуваат, има околу 370 милијарди долари во претставени токенизирани средства што се бележат на блокчејн-инфраструктура, но не можат лесно да се префрлаат надвор од платформите што ги издаваат. Стабилните коини додаваат уште еден значаен слој, бидејќи во нив се вградени резерви поврзани со државни обврзници, во рамки на доларски инструменти на блокчејн. Исто така се издвојува силен раст на трајните договори врзани за традиционални средства, како злато, сребро, нафта и акции, што укажува дека побарувачката за изложеност кон традиционалните пазари преку крипто-инфраструктура се шири паралелно.

Причината зошто оваа можност е толку голема лежи во фактот што пазарот и понатаму е во многу рана фаза. Во петте клучни класи на средства опфатени во анализата, токенизираното присуство во однос на вкупниот достапен пазар изнесува само околу 0,01%. Дури и умерено ниво на усвојување до 2030 година може суштински да го преобликува секторот. Во конзервативно сценарио, пазарот на токенизирани средства достигнува околу 320 милијарди долари. Во основно сценарио, се искачува до околу 1,6 трилиони долари, а во оптимистичкото сценарио достигнува 4,8 трилиони долари. Клучниот заклучок е дека и со вкупно присуство под 1% во главните традиционални пазари, токенизацијата и натаму може да изгради пазар вреден трилиони долари.

Битно е да се напомене, не сите класи на средства се движат со иста брзина. Државниот долг и инструментите на паричниот пазар имаат помалку препреки, затоа што основните средства се ликвидни, стандардизирани и веќе широко користени за управување со готовина. Акциите претставуваат една од најголемите долгорочни можности, но нивниот напредок и понатаму зависи од тоа дали токенизираното тргување со акции ќе се развие надвор од ограничени пилот-проекти и да се вклучи во регулирани системи за брокерско посредување, берзанско тргување, чување средства и порамнување. Кредитниот сегмент исто така покажува јасен пазарен потенцијал, особено таму каде што токенизацијата ја подобрува преносливоста и ликвидноста на секундарниот пазар. Недвижностите остануваат најтешката категорија, ограничени од имотни листови, локални правила, даночен третман, чување на средствата и распарчена ликвидност.

Следната фаза на раст ќе зависи помалку од сам интерес, а повеќе од тоа дали инфраструктурата ќе почне да се усогласува. Регулативата станува појасна, особено околу стабилните коини и пошироката пазарна структура на дигиталните средства. Инфраструктурата за порамнување исто така добива на значење, при што централната американска институција за депозит, клиринг и порамнување планира активности поврзани со токенизирани хартии од вредност во 2026 година. Институционалната дистрибуција се шири преку управители на средства, берзи, чувари на средства, брокери, дигитални паричници и блокчејн-мрежи. Во исто време, токенизираните средства стануваат сè покорисни и надвор од самото поседување, сè повеќе служат како колатерал, алатка за порамнување, резервно средство и инструмент за финансирање. Токму овој премин од средство што само може да се инвестира во средство што активно може да се користи може да стане еден од најсилните двигатели на побарувачката во годините што следуваат.

Две дополнителни области се издвојуваат како важни точки за подолгорочно следење: државен долг издаден директно на блокчејн и пристап до приватните пазари. Ниеден голем државен издавач сè уште нема издадено долг на блокчејн во комерцијален обем, но пилот-програми веќе постојат. Истовремено, приватните компании сè повеќе создаваат вредност надвор од јавните берзи и подолго остануваат приватни, што ја прави токенизираната изложеност кон приватните пазари потенцијално важна идна примена.

Пошироката порака е јасна: токенизацијата и понатаму е многу мала во споредба со големината на пазарите што може да ги достигне, но основните предуслови за многу поголемо усвојување сега напредуваат истовремено. Ако регулативата, порамнувањето, чувањето средства, ликвидноста и институционалната дистрибуција продолжат да се усогласуваат, токенизацијата може да премине од брзорастечки специјализиран сегмент во многу поцентрален дел од финансиската пазарна инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Binance го одбележува Bitcoin Pizza Day со настан во Скопје

Горан Наумовски

Binance воведува заштита при повлекување на средства за одбрана од физички закани

Горан Наумовски

Овој викенд во Куманово, Binance го претвора центарот на градот во место за крипто, заедница и локални вкусови

Катерина Ѓуровски

Што треба да знаете пред да ја купите вашата прва криптовалута

Катерина Ѓуровски

Binance овој викенд во Битола носи крипто, заедница и локални вкусови

Горан Наумовски

Овој викенд во Битола, Binance носи спој од традиција и иновација со ќебапи и криптовалути

Катерина Ѓуровски