ТМ: Зошто премиерот се шета по роуд шоуа, кога инвестициите се невидливи?

Од:

Македонија е закована на самото дно на земји во транзиција според влез на странски инвестиции, а Владата упорно ја форсира тезата дека Македонија е „даночен рај“ за инвеститорите и претставува популистичка политика за домашна употреба – се наведува во извештајот на „Транспарентност Македонија“.

Тие прашуваат колку пари изнесува трошокот на економските промотори на земјата во странство, кога резултатите се невидливи.

ТМ наведува дека покрај ниските даноци кои ги нагласува Владата, постојат и други фактори кои го детерминираат нискиот обем на странските директни инвестиции, меѓу кои се политичката нестабилност на Македонија, контролата на судството, неразвиената инфраструктура, корупцијата како и неефикасната, а многубројна јавна администрација.

nikola-gruevski

Воедно, како што пишува во извештајот на Транспарентност, премиерот Груевски најавува проект со кој Агенцијата за странски инвестиции ќе направи веб – страница на која ќе бидат ставени преку 400 објекти кои се неискористени, а ќе им бидат на располагање на инвеститорите.

– Значи ли овој пресврт во политиката на Владата дека ТИРЗ, всушност, не дадоа никакви резултати и дека инвестициите во ТИРЗ се неоправдано потрошени државни пари? Или и оваа прикаска за „400 неискористени хали“ е наменета само за домашната јавност, за да се создаде перцепција дека Владата многу напорно работи, иако резултатите од тоа се минимални? – прашуваат од Транспарентност Македонија.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски