Тевдовски: Спроведување вистински реформи за интензивирање на економскиот раст

Од:

Интензивирање на економскиот раст, кој според податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал има стапка нула проценти, може да се постигне ако се почне со спроведување вистински реформи, смета министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Имам голем оптимизам дека од јуни работите се движат во позитивна насока. Веќе во разговори со фирмите се гледа дека инвестициската активност се придвижува. Ги гледаме и првите показатели околу приходите и ако започнеме да ги правиме вистинските реформи земјата ќе оди во вистинска насока и ќе биде интензивиран економскиот раст, изјави министерот одговорајќи на новинарски прашања на иницијалниот состанок за Економската програма за реформи.

Според него значајно е и доколку имаме сериозна поддршка за реформи од нашите партнери.

Експертите сметаат дека ваквата стапка на раст е очекувана под влијание на политичката криза и намалувањето на активностите во градежништвото.

– Оваа стапка на БДП од нула проценти е очекувана бидејќи се однесува за период кога политичката криза доживеа на интензитет и кулминација. На производната страна се должи на пад на градежниот сектор кој претходно растеше со импозантни стапки што покажува за целосно замрена инвестициска активност. Ако го поврземе тоа и со реализацијата на капиталните инвестиции во тој период има значајна подреализација, изјави професорот Марјан Петрески.

Порачува дека е потребно нов бран оптимизам кој делумно ќе се случи и само од себе, но дел треба да го поттикне и новата Влада со тоа што ќе почне да ги реализира оние ветувања дадени во предизборието.

На долг рок, смета дека нема замена за структурни реформи, реформи во оние долгорочни фундаменти на растот како институциите, образованието, здравството…

Смета дека во првите две години тешко може да се случи да има раст над 5 проценти.

– Некои пресметки говорат дека потенцијалот на економијата е околу 4 проценти, но она што може да биде реализирано е и над тој процент зависно какви политики ќе води Владата. За да видиме такви стапки треба прво да ги видиме кои ќе бидат политиките на Владата и ќе ни треба некое поповолно регионално окружувње, посочи Петрески.

Професорот Борче Тренковски истакна дека политичката криза се уште има одложено влијание и оти итуацијата во бизнис секторот очекувањата и неговата доверба во институциите не се опоравува брзо.

– Имаме некое одложено влијание на намалување на БДП пред се на градежништвото бидејќи ако земеме предвид дека во претходните неколку квартали економскиот раст без градежниот сектор имаше раст под 1 отсто, меѓу 0,5 и 0,7 што значи дека го немаме градежништото и БДП паѓа под еден процент, рече Тевдовски и додаде дека се уште неизесноста може да трае, но не премногу долго бидејќи нашите главни трговски партнери имаат позитивни трендови.

Очекува во иднина со економски мерки, странски инвестиции и слично да се направи структурна основа и реформи за да има одржлив економски раст.

Државниот завод за статистика вчера објави дека во првото тримесечје од годинава не е забележан раст на бруто-домашниот производ. Во соопштението наведуваат дека стапката на раст на БДП за првото тримесечје од 2017 година е 0,0 проценти.

Би можело да ве интересира

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид, најави Мицкоски

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Покана до сите дами – Grand Casino Admiral ве очекува на незаборавна Ladies night!

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија