Сузуки објави дека продажбата на моделот Свифт лансиран во 2004 година, ја надмина границата од 3 милиони во целиот свет.
За само седум години беа продадени два милиони возила, а за неполни година и половина уште еден милион.
Вкупно 13% од произведените претставници на Свифт, од неговото лансирање до денес, биле реализирани на територијата на Јапонија, 45% во Индија, а во Европа околу 23%.