Субрата Рој: Ќе купам 6.000 крави и ќе ја купам Џумајлија

Од:

Реална можност или текст од рубриката „Верувале или не“.

Контроверзниот индиец Субрата Рој, кому надлежните институции му ги блокираа банкарските сметките, а и самиот призна дека не само што не е милијардер, туку и нема реални пари, повторно во Македонија дојде со мегаломански најави.

Пречекан како спасител на стопанството, примен од министри и премиер, ужива во Охридските убавини и дели ветувања за милионски инвестиции.

Една од нив е дека 6.000 крави во следните три години ќе влезеле во македонското сточарство.

Не се знае од каде ќе се набавуваат кравите, со кое темпо ќе тече набавката односно по колку крави годишно ќе носи, дали ќе бидат сите за една фарма или ќе ги дели на земјоделците, дали индиецот веќе побарал дозвола за увоз од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Но се знае дека цената на една крава обично е околу 3.000 евра и повеќе во зависност од расата, ѓто значи дека „спасителот“ на млекопроизводството ќе инвестира 18 милиони евра.

Упатените во фармерскиот бизнис за Фактор коментираат дека се работи за преамбициозна инвестиција. На најавата гледаат со недоверба, потсетувајќи на податокот дека сега во Македонија најголемите фарми имаат околу 1.000 крави, а тие се бројат на прсти. Според математичките пресметки на познавачите, за да се сместат овие 6.000 крави потребна е голема површина од над 30.000 метри квадратни.

Рој ветува дека во март ќе ја рестартира „Џумајлија“ и од неа ќе направи модерна млекарница по сите светски стандарди.

Фактор пишува дека според тендерската документација која неодамна се подготвуваше за Џумајлија, Рој треба да инвестира над 200 милиони евра во следните три години, и има обврска да вработи 200 лица во првата година, а земјиштето му е дадено на стопанисување во следните 35 години.

Освен 6.000 крави, бизнисменот најави изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со голем капацитет, во која ќе се произведува млеко наменето за извоз во регионот и во Европа. Инаку, првично пред неколку месеци се најавуваа дури 20.000 грла, но овојпат Рој тројно ја намали бројката на крави што треба да се донесат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска