Стопанската комора на Македонија го поздрави повлекувањето на Законот за прекршоци

Од:

Стопанската комора на Македонија го поздравува повлекувањето на Предлог законот за прекршоци од собраниска процедура, кој предвидуваше високи казни за компаниите.

Од Комората истакнуваат дека новиот закон за прекршоци треба да се донесе, но според нив несоодветно е уредена материјата во делот на прекршоците, особено во делот на процентуалните глоби од 1 до 10 проценти од вкупните приходи остварени претходната година.

– Износите на казните треба да бидат фиксирани од минимален до максимален износ како што се предвидува во сите останати закони. Спорно е и тоа што во самиот предлог текст не беше прецизирано за кои видови на прекршоци ќе се определува процентуалниот износ на казна. Премногу е висока и мандатната казна која оди до 3.000 евра од причина што тоа се казни што се даваат на лице место, рече Снежана Камиловска од Стопанската комора на Македонија.
Другите спорни одредби од предложениот закон, според Комората, се и основната глоба која за разлика од сегашниот закон се предвидуваше да изнесуваше до 200 илјади евра, како и привремената забрана за вршење на одредена дејност до три години.

Комората смета дека материјата во делот на казните ќе биде ревидирана согласно нивните насоки.

Би можело да ве интересира

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

A1on