Стоктон во Калифорнија е најголемиот град на кој му се заканува банкрот

Од:

 Стоктон, град со околу 300.000 жители во Калифорнија, е на пат да стане најголемиот американски град што прогласил банкрот. Стоктон должи скоро милијарда долари на пензискиот фонд за градските службеници, и раководството на градот вели дека не може да ги исполни овие обврски и бара право низ процедура на банкрот да може одново да преговара за долговите кон пензионираните службеници.

Судијата Кристофер Клајн вчера донесе одлука дека градот може да банкротира и да почне процес на преговори со пензискиот фонд и другите доверители, за да ги намали своите долгови. Во меѓувреме, градот Стоктон почна со отпуштања во полициската служба, противпожарните екипи и престана да ги сервисира ратите од долговите за издадените обврзници.

stokton-kalifornija-bankrot

Но, најголемите давачки, за пензиите за поранешните вработени, се уште беа исполнувани на време, согласно законите на Калифорнија, кои предвидуваат дека пензиските долгови се приоритетни пред другите обврски, дури и во случај на банкрот. Сојузните закони на САД, пак, му дозволуваат на градот, во случај на банкрот, да се откаже од исплаќањето и на пензиите. Поради оваа поделеност на законите, можно е случајот на Стоктон да заврши и пред врховните судови во Калифорнија и во САД.

Долговите на Стоктон произлегуваат од падот на вредноста на недвижностите во САД во 2007 и 2008 година, што ги намалува приходите од данокот за имот, како и од високите давачки за пензиите. Стоктон е меѓу шест градови во Калифорнија кои се на суд со пензискиот систем на јавните службеници КалПЕРС, поради неможноста да продолжат да ги исплаќаат пензиите. Градот Сан Бернардино, со 210.000 жители, досега беше најголемиот град кој прогласил банкрот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски