Стојаноски: Заев и ветува субвенција на „Санос“ за извоз што можеби не се случил

Од:

„Јавноста со право се прашува како е возможно фирма со тројца вработени да направи 70 автобуси. Јавноста со право се прашува како е возможно на вака крајно сомнителна фирма како „Санос“ Зоран Заев да и ветува државна директна субвенција изразена во милиони за извоз за кој постои сомнеж дека воопшто се случил.

За овој случај упорно молчи владата на СДС и самиот Зоран Заев. Молчат затоа што се фатени во матна зделка за која постои основ да биде истражена од надлежните институции и обвинителството.

Зоран Заев не смее да се однесува со државните пари како да се сопственост на неговиот татко. Тие пари граѓаните ги плаќаат и имаат право да знаат на кои фирми тоа Заев ветува државни субвенции. Граѓаните сакаат да знаат како е можно фирма која функционира во пропаднати хали и која има само 3-ца вработени може да произведе 70 автобуси и за тоа да биде частена од Заев со дополнителни субвенции.

Кој има ќар од вакви дотации кои ги најавува Заев, граѓаните, тројцата вработени во „Санос“ или можеби тој лично?

Одговори, но и одговорност за евентуални криминали мора да има.

Матните зделки за кои јавноста виде дека Заев ги правеше во Струмица не смеат да се повторуваат на централно ниво. Граѓаните ќе застанат на патот на овие скандали веќе на 15-ти октомври. Казната тогаш ќе ги стигне за сите погрешни чекори во економијата и сомнителни зделки кои се врзуваат директно за името на Зоран Заев“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС