Ставрески: Со новите автопати значително подобрување на патната инфраструктура

Од:

Со изградбата на двата клучни автопати, Скопје – Штип  и Кичево – Охрид значително ќе се подобри патната инфраструктура во Македонија, ќе се подобри конкурентноста на економијата, а на краток рок  ќе се зголемат градежната и останатите активности.

Тоа го оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето сертификати за финансиски менаџмент на вработени во јавниот сектор.

Според Ставрески, во завршна фаза е одобрувањето на кредитите за изградба на автопатите, а  законите со кои државата ќе гарантира за исплатата што ќе ја врши Агенцијата за државни патишта ќе бидат во владина процедура во текот на овој месец.

 – Од ЕКСИМ банката од Кина добивме потврда дека го поминале таму филтерот и оти исто така нивното Министерство  за трговија, кое што е надлежно, ги одобрило проектите. Сега стручните екипи на Министерството за финансии и од ЕКСИМ банката го доусогласуваат финалниот текст на договорот, што значи дека многу бргу,  во текот на овој месец, ќе бидат завршени и пуштени во владина процедура, по што следи собраниската процедура за донесување на законите за гаранција затоа што во случајот позајмувач ќе биде Јавното претпријатие за патишта, а Владата ќе ја издаде гаранцијата, рече Ставрески.

Аплицирањето на Владата за поволните кредити што ги одобрува  кинеската Влада и ЕКСИМ банката, посочи, е направено врз основа на  студии за тоа колку ќе чинат и за нивна изводливост.

 – Нашите пресметки се дека ќе чинат толку колку што сега одобри  кинеската Влада, односно ЕКСИМ банката. Предвидената вредност на проектите е целосно покриена, а доколку во текот на изградбата, како и  за секој крупен проект, се случи на терен  да има потреба од поголеми трошоци тогаш ќе разговараме за тоа како да се дополнат тие средства. Но, во оваа фаза проценката е направена врз основа на сериозни студии од стручни институции, појасни вицепремиерот Ставрески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница