Ставрески: Редовно се извршуваат обврските кон стопанството и навремено се врши повратот на ДДВ

Од:

Ликвидноста на буџетот е добра бидејќи при неговото планирање беа извршени внимателни анализи и беше обезбедена стабилна рамка за финансирање, чијашто основа се реално планираните буџетски приходи, како и обезбедените средства од меѓународни извори, под поволни услови, нагласува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за неделникот „Република“.

Одговарајќи на прашањето како ги коментира црните прогнози на опозицијата од декември лани дека ако се донесе буџетот, дека Македонија ќе банкротира за шест месеци, Ставрески потенцира дека за жал, опозицијата постојано има неконструктивен пристап и неаргументирано пласира црни сценарија за Македонија.

– Така беше сите изминати години, така е и оваа. Еве поминаа осум месеци од 2013 година, македонска­та економија има трет најдобар резултат во Европа, редовно се исплаќаат сите обврски од буџетот, дол­гот е и натаму четврт најмал во Европа. Каде е крахот што го најавуваа опозиционерите? Јавноста мо­же да процени кој беше во право и дали се исполнија нивните сценарија, вели министерот за финансии.

Обврските од буџетот редовно се сервисираат, посочува Ставрески, при што навремено се исплаќаат пензиите, платите и социјалната помош.

– Како што беше најавено, заклучно со февруари 2013 година целосно се исплатија обврските кон сто­панството во износ од 92 милиони евра, од кои 52 милиони евра обврски по основа на поврат на ДДВ и 40 милиони евра за реализирани проекти. Со тоа Македонија е една од ретките земји од регионот што се раздолжи кон стопанството, што беше потврдено и од меѓународните финансиски институции. Оттогаш редовно се извршуваат обврските кон стопанството и навремено се врши повратот на ДДВ, подвлекува тој.

Токму оваа ликвидносна инјекција, нагласува министерот Ставрески, многу помогна македонските фирми да имаат солидни резултати во услови на голема економска криза, посебно кога станува збор за градежните компании.

– Нема земја во Европа во која градежништвото има пораст, а не, пак, пораст од 33 проценти како во Македонија. Тоа не е случајно. Тоа е резултат на изборот на оваа Влада, која форсира капитални инве­стиции од буџетот во сите сфери. Тие создаваат работа не само за градежните компании, туку и за сто­тици мали фирми, кои се подизведувачи. Со тоа се спасија илјадници работни места, се обезбеди пла­та за работниците во вакви тешки времиња, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница