Ставрески: Рангирањето од „Форбс“ – потврда дека земјава е лидер во регионот за водење бизнис

Од:

Рангирањето на Република Македонија од страна на „Форбс“ на 37. место е уште една потврда дека земјава е лидер во регионот од аспект на условите за водење бизнис, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во одговор на новинарско прашање за најновото рангирање на „Форбс“.

– „Форбс“ рангира според 11 индикатори и добро е за нас што еден по еден сите меѓународни рејтинг агенции и респектабилни институции ја рангираат Македонија како најдобра од  регионот од аспект на сите услови што се важни за компаниите, изјави Ставрески по завршувањето на Македонската меѓународна образовна конференција.

Тоа, нагласи, претставува уште еден значаен сигнал  за инвеститорите. – Тие ги следат индикаторите од „Форбс“ од „Дуинг Бизнис“ и други реномирани  часописи или институции и на тој начин полесно ќе се решат да пласираат  свои инвестиции во Република Македонија, рече Ставрески.

Американскиот бизнис магазин „Форбс“ ја објави најновата листа на земји најповолни за водење бизнис. На прво место како најповолна земја за бизнис е Нов Зеланд, од регионот најдобро котира Словенија, која е рангирана на 23. место, по што следи Македонија на 37., Црна Гора на 45., Хрватска на 47. и БиХ на 85. место.

Листата е составена врз основа на 11 различни категории на правата на сопственост, иновации, даноци, технологија, корупцијата,заштита на инвеститорите, берзата и бирократијата како и на личната, трговската и монетарната слобода.

Листата на Форбс се потпираа на истражувања и извештаите на ЦИА, Фридом хаус, Транспаренси Интернешанал, Светската банка,  Светскиот економски форум и на Херитиџ Фондација.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ