ССМ: Функционер со 2.500 му кажува на работник со 400 евра плата како добро се живее, за да не аздиса

Од:

Во Македонија во месец мај 2025 година евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата, од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната плата, соопштија денеска од Сојузот на синдикати на Македонија.

Од таму велат дека загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1% од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра“.

Со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна на Владата, газдите и парламентот се прави директна штета на 169.082 работници и нивните семејства кои ниту со две плати не можат да си дозволат ниту да ги обезбедат најосновните услови за живот за своите семејства согласно вредноста на Синдикалната минимална кошница што е загрижувачки.

Во Македонија оние кои живеат добро со примања над просечната плата (функционерите, политичарите, газдите и експертите) се против зголемување на минималната плата, односно малцинството владее со мнозинството.

Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот“ е ставот на ССМ.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он