Средба Николовски- Травников: Ќе се активира работата на Меѓувладината македонско- руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во рамки на официјалната посета на Москва, денеска имаше работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, г. Максим Травников, на кој што беше разговарано за широк спектар на прашања, кои се од заеднички интерес за Република Македонија и за Руската Федерација.

На средбата присуствуваа амбасадорот на Република Македонија во Русија Гоце Карајанов, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски и директорот на Македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев.

Позитивно беше оценет растечкиот тренд на трговската размена помеѓу двете земји, особено извозот на македонски земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, со оглед на фактот дека истиот има најголемо учество во вкупната вредност на извозот во Русија, а интересеот за македонските земјоделск-прехрамбени производи во Руската Федерација континуирано расте.

Дел од темите за кои што се разговараше на состанокот беа за потенцијалните проекти за кои постои заеднички интерес во областа на енергетиката, туризмот, образованието,спортот и науката.

Министерот Николовски потенцираше дека Владата на Република Македонија, ќе ја продолжи поддршката на македонските фирми за настап на рускиот пазар, како и за инвестиции од Руската Федерација во Македонија.

Министерот Николовски минатата година беше назначен за ко-претседател на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Со неговото назначување за ко-претседател, се создаваат услови за интензивирање на соработката во рамките на Меѓувладината комисија. На состанокот беше договорено, во следниот период, да се преземат конкретни чекори од двете страни за возобновување на соработката, како во рамки на Меѓувладината македонско- руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, така и во рамки на нејзините работни групи, со цел да се создадат услови за одржување на 9-тото заседавање на седницата на Меѓувладината комисија.

Во рамки на официјалната посета на Москва, министерот Николовски денеска го посети Македонскиот дом, во склоп на најголемиот агрокластер во Источна Европа, „Фуд сити“. Во агрокластерот работи постојаниот изложбен штанд „Македонски дом“ место каде што досега се претставени 18 компании, од 5 гранки, односно од конзервната, млечната и винската индустрија, како и останати пијалоци и кондиторски производи.

„Македонскиот дом“ беше отворен во март минатата година ,врз основа на договорот на Македонска руска стопанска комора и Трговската комора на Москва.

Функционирањето на овој дом важено за промоција на македонските земјоделско-прехрамбени производ, бидејќи компаниите кои се претставуваат, имаат можност да работат со руски фирми од регионите но и од други земји кои имаат свои претставништва во Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата