Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2014

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево на пленарна седница го донесе дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2014 година.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, образложувајќи го дополнетиот предлог ребаланс, рече дека ребалансот се прави со цел усогласување на динамиката на реализација на расходите особено во делот на инфраструктурните проекти со динамиката на приходи.

Спроед него, станува збор за мини ребаланс со кој се врши корекција и на приходната и на расходната страна која е помала од два процента и претставува мал ребаланс, но, како што додава, потребна за да се заврши годината онака како што се планираше со фискална дисциплина и задржување на главните параметри на фискалната политика во проектираните рамки.

Најголемата промена што се прави на расходната страна, како што истакна, е обезбедување дополнителни средства од 1,42 милијарди денари за иградба на Коридорот 10, односно автопатот Демир Капија-Смоквица кој се одива со поинтензивна динамика од предвидувањата и е планирано да заврши до август 2016 година.

Како што посочи, додавањето средства во оваа ставка предизвикува и зголемување на буџетски дефицит кој се позиционира на 3,9 проценти.
Пратениците од владејачкото мнозинство со поддршка на предложеното.
Во попладневната дебата Рамиз Мерко од ДУИ со сугестија во буџетот за 2015 година Министерството за финансии да предвиди средства за дислокација на дивите депонии, односно за изградба на нови легални депонии. Тој се заложи и за зголемување на средствата за рамномерен регионален развој и финансирањето на единиците на локалната самоуправа, односно издвојување еден процент од БДП за оваа намена.

Реплицираше Илија Димовски дека токму во време на оваа Влада буџетите за единиците на локалната самоуправа се зголемени за повеќе од три пати.

– Имам чувство дека единиците на локалната самоуправа не баш дисциплинирано работат на прибирањето на локалните даноци, посебно за данокот на имот. Повеќе од две третини од општините не наплаќаат ниту 60 отсто од данокот на имот. Имам чувство дека дел од градоначалниците и свесно го прават тоа, а во исто време бараат средства од централната власт. Тоа е некоректно оти не може да бараме од централните интитуции да ги исполнуваат обврските, а не и од локалните, рече Димовски.

Во претпладневната расправа Владанка Авировиќ од СПМ истакна дека е важно што со предложениот ребаланс нема да се промени фискалната стратегија, што остануваат сите макроекономски показатели и најважно е што Макеоднија се определува за инвестиции, пред се во инфраструктурата.

– Македонија во своите задолжувања има единствена цел да ги зголеми инфраструктурните проекти, да вложи во патишта, во водоводи и канализации и секаде каде е потребно и можно, рече Авировиќ.

Ѓорѓи Коџобашиев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека постигнувањата во македонската економија се резултат на конзистентните економски и буџетски политики.
Влатко Ѓорчев, изразувајќи поддршка на предложениот ребаланс, посочи дека тој дополнително ќе ја консолидира македонската економија и оти до полн израз ќе можат да дојдат голем број од проектите во наредната година за која уште сега се почнати подготовките за буџетот.

Посочувајќи на состојбите во европската економија, рече дека во такви околности резултатите на македонската економија се солидни и се дава максимумот.

Крсте Мукоски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, потенцира дека важно е што средствата што се извдојуваат со ребалансот се за зголемување на капиталните инвестиции кои ќе дадат додадена вредност и кои би требало да ја зголемат и јавната и личната потрошувачка, а со тоа да се зголеми и БДП.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на крајот од седницата им го честита на граѓаните националниот празник 8 Септември“.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада