Скрческа: Охридски комуналец во финансиска дупка

Од:

Јавното препритјатие Охридски комуналец е во финансиска дупка тешка приближно 100 милиони денари, рече В.Д директорката Елена Скрческа. Поради ова претпријатието се соочува со проблеми во своето нормално функционирање. Најголем долг Комуналец има кон фирми добавувачи, но и кон Охридска банка за неплаќање на кредит во износ од 16 милиони денари

„Трошоците за репрезентација треба да се сведат на минимум бидејки само за промовирање на претпријатието во 2012 година потрошени биле 616.000 денари за оваа намена, додека само во првите три месеци од 2013 за медиумско покривање исплатени се 488.000, онолку колку што било потрошено за цела 2012. Сега се соочуваме и со недостиг на возила за подигање на отпадот, поради бројните поправки. Претходно беа набавени пет половни возила, кои во оваа дејност не се прифатливи затоа што се користат во текот на 24 часа“, рече Скрческа.

Поради нередовното исплаќање на долговоите кон фирмите добавувачи, Скрческа вели дека претпријатието се соочува и со изгубена доверба кај соработниците. Жиро сметката на прептријатието од 2006 година била блокирана поради извршени судски решенија

„Сега не сме во можност да спроведеме јавна набавка, поради изгубената довербата кај добавувачите, тие повеќе не се јавуваат на тендерите. Во минатиот период обврските кон добавувачите се исплаќаа селективно, додека другите мораа по судски пат да ги наплатат своите побарувања. за да ја вратиме довербата кај доверителите најпрво треба финансиски да закрепнеме, да почнеме навреме да ги отплаќаме долговите,“ рече Скрческа.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

Четворица повредени со сообраќајка во Охрид

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Предраг Петровиќ

Љутков: Во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам

A1on