Mercedes Benz SLR McLaren е суперавтомобил кој и ден денес е привилегија на мал број автомобилски фанови и колекционери на автомобили, со многу длабок џеб, а ретко кој од сопствениците има храброст да направи промени кај автомобилот.
Сопственикот се одлучил за безболна варијанта за промена на бојата на екстериерот – сина фолија, па во случај да сака да си го врати првобитниот изглед тоа може многу лесно да го направи, со едноставно отстранување на фолијата.
Промените продолжуваат и под хаубата, со посебен power kit од Edo Competition, со кој силата на рачно изработениот V8 мотор се зголемува од 626КС на 722КС, а максималниот вртежен момент рипна од 780Nm на 890Nm. Како резултат на ова, автомобилот од 0 – 200km/h забрзува за помалку од 10 секунди, а максималната брзина е електронски лимитирана на „скромни“ 345km/h.