Сингапур има 260 милијарди долари девизни резерви

Од:

Монетарните власти во Сингапур денеска соопштија дека во ноември девизните резерви на оваа држава изнесуваат 260,6 милијарди долари или околу пет милијарди помалку од истиот месец минатата година.

Оценка е дека ова е стабилен тек на финансиските резерви, а намалувањето се должи на помалата вредност на сингапурскиот во однос на американскиот долар.

Монетарните власти соопштија дека трендот на зајакнувањето на сингапурскиот долар во однос на еврото и јапонскиот јен ќе продолжи и во иднина, што локалната валута ја прави посилна во однос на другите валути во регионот.

Овој тренд, сметаат експертите, го зајакнува мотивот за финансирање во државите соседи од југоисточна Азија.

Би можело да ве интересира

Лондон и Сингапур потпишаа договор за слободна трговија

Ана Ололовска

Производителот на респиратори Ли е најбогат човек во Сингапур

Ана Ололовска

САД паднаа на второ место, Сингапур е најконкурентна економија во светот

„Економист“: Париз, Хонг Конг и Сингапур се најскапи градови во светот

Ана Ололовска

Авиолинијата помеѓу Сингапур и Куала Лумпур е најпрометна во светот

Ана Ололовска

Алибаба нуди две милијарди долари за преостанатиот дел од Лазада

Ана Ололовска