Швајцарија: Конфискацијата на руски имот е неуставна

Од:

Конфискацијата на руски приватен имот би го поткопала швајцарскиот устав и сегашниот правен поредок, објави денеска швајцарската влада, повикувајќи се на информации од работната група. Швајцарија ги замрзна финансиските средства во вредност од 7,5 милијарди швајцарски франци (околу 8,13 милијарди долари) во согласност со санкциите воведени против Русија, со цел да ја казни Москва за нејзината инвазија на Украина.

„Поддршката за Украина ќе продолжи без оглед на дискусиите за замрзнатите средства“, објави во средата швајцарската влада. Берн сакаше да утврди што може да се направи со средствата по барањето парите да се искористат за финансирање на репарации за Украина. Работното тело формирано да разговара токму за овој проблем објави дека швајцарскиот закон не дозволува експропријација на приватна сопственост од легално потекло без соодветен надомест.

Против конфискацијата се и швајцарските банки

„Конфискацијата на замрзнатиот приватен имот не е во согласност со уставот и сегашниот правен поредок и ги нарушува меѓународните обврски на Швајцарија“, соопшти денеска швајцарското Министерство за правда. „Другите земји имаат слични уставни права и гаранции.

Против конфискацијата се и швајцарските банки. „Денес нема правна основа за конфискација“ на средства, објави минатиот месец швајцарското здружение на банкари. Швајцарија претходно усвои дополнителни санкции против Русија поради конфликтот во Украина, вклучително и ограничување на цената на нафтата во Европската унија.

На крајот на јануари Берн го усвои и последниот пакет мерки на ЕУ, со кој беа санкционирани уште 200 лица. Најавени се и нови ограничувања, како забрана за извоз за воздухопловната индустрија која се однесува на мотори за авиони и дронови.

Би можело да ве интересира

Кремљ подготвува делегација за Истанбул, не кажува дали ќе оди Путин

ВИДЕО: Русија трупа војска на границата со Финска

ВИДЕО: Истече времето за одговор на Русија, Трамп може да им се приклучи на Путин и Зеленски в четврток

Катерина Ѓуровски

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Нема преговори додека Русите не се повлечат: Украинските војници испратија барање до Зеленски

ВИДЕО: Може ли од Истанбул да почне крајот на голготата во Украина