До крајот на мај годинава треба да завршат преговорите за потпишување колективен договор со Шумската полиција.
Како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, на денешната средба со претставници од Шумската полиција станало збор и за евиденцијата на прекувремени работни часови кои ќе се докажуваат со записници за одземање предмети и средства.
Се отворило и прашањето за материјало-техничките услови за работа на Шумската полиција, при што е договорено таа да има активна улога во измените и дополнувањата на Законот за шуми.
– Се дискутираше за постапката пред другите надлежни органи, со што ќе се увиди потребата од прекувремени часови. Се очекува до средината на мај да заврши процесот на преговори во однос на потпишувањето на колективниот договор, стои во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.