Штетите од невремето во Гевгелиско проценета на околу 110 милиони денари

Од:

Советот на општина Гевгелија денеска го усвои Елаборатот од општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди според кој штетите на земјоделските посеви од невремето на 24 јули се проценети на околу 110 милиони денари.

Во периодот од 24 јули до 12 август, комисијата врз основа на 336 поднесени пријави од кои 322 од физички и 14 од правни лица, вршела теренска проценка на штетите на посеви во Гевгелија и делови од населените места Негорци, Миравци, Милетково, Смоквица, Мрзенци, Серменин и Ново Конско.

Од невремето проследено со врнежи од дожд и град биле погодени 357 хектари од кои 217 во сопственост на правни лица и околу 140 хектари на физички лица. Најголеми штети претпрпеле лозовите насади кои се уништени на 296 хектари додека другите штети се утврдени кај раноградинарски култури, овошни насади и житни култури.

Усвоениот Елаборат општина Гевгелија ќе го достави до Државната комисија за проценка на штети од природни непогоди и до Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија