Шпанија од новиот европски спасувачки фонд ќе добие 39.5 милијарди евра помош за нејзините банки

Од:

Шпанија следната недела ќе добие 39,5 милијарди евра помош за своите банки од новиот Европски спасувачки фонд, соопшти претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер, цитиран од ДПА.

Одлуката пристигна само неколку часа откако Мадрид официјално ја побара помошта, која ќе биде доделена од Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) два месеца по неговото формирање.

Парите ќе бидат префрлени во средината на следната недела, синоќа прецизира Јункер,по завршувањето на редовното заседание на Еврогрупата или министрите за финансии на земјите од еврозоната.

Шпанското Министерство за економија претходно вчера соопшти дека очекува помошта да биде доделена околу 12 декември.

Еврогрупата одобри помош до 100 милијарди евра за спас на шпанскиот банкарски систем.

-Шпанија има потреба од помалку (пари), отколку што првично се сметаше. Тоа е многу силен сигнал дека сме во состојба да ја стабилизираме еврозоната како целина, коментира австрискиот министер за финансии Марија Фектер.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја