Шојбле: Санкциите кон Русија треба да продолжат

Од:

 Германскиот министер за финансии Влофганг Шојбле смета дека економските санкции кон Русија се добар правец на акција во моментов.

Зборувајќи на конференција во Варшава Шојбле изјавил дека односите со Москва не можат да се вратат во нормала се додека Русија не го поправи своето досие за човекови права, обајвува агенцијата ројтерс , пренесува дописникот на МИА од Берлин.

„Нема враќање на нормалните односи со Русија се додека земјата се однесува спротивно на правилата за човекови права“, изјавил Шојбле во Варшава.

Изјавата на Шојбле доаѓа по изјавата на германскиот вицеканцелар и претседател на владеачката СПД Зигмар Габриел кој побара да не се воведуваат поостри санкции кон Москва а на само една недела прес самитот на ЕУ на кој треба да бидат продолжени санкциите во областа на енергијата, финансиите и одбраната до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва