Јапонскиот индекс на економски индикатори во Јануари падна за 5,7 поени, што е најголем пад од март 2011 година, кога земјата беше погодена од катастрофалниот земјотрес, цунами и нуклеарната катастрофа во Фукушима.
Јапонската економија расте веќе две години по ред, но индексот укажува дека во иднина растот може да биде намален.
Индексот го мери индустриското производство, транспортот на капитални производи и производи за широка потрошувачка и работните часови.