СЕБИ: Максимална казна и одземање на пасошот на Субрата Рој

Од:

Регулаторот СЕБИ, вчера од Врховниот суд побара максимални казни за Субрата Рој и уште три директори на сестринските коммпании, како и одземање на нивните пасоши.

Регулаторот побара да се преземат мерки против Sahara India Real Estate Corporation и Sahara Housing Investment Corporation Ltd поради непочитување на одлуката од 31 август , 2012, од 5 декември 2012, и 25 февруари 2013, да се уплатат 3 милијарди долари кои требаше да се пренасочат кон инвеститорите.

-Ваквата одлука се игнорира и презира не еднаш или два пати туку во три наврати. Овие директори треба да добијат максимална казна затвор, изјави адвокатот на СЕБИ.

subrataB

Тој го повика судот да се спротивстави на непочитувањето на судските одлуки од страна на Субрата Рој и директорите, и веднаш да ги депонираат пасошите во судот.

Сахара Груп пак пред Врховниот суд во Индија се правдаше дека Субрата Рој не е одговорен за рефундирање на трите милијарди долари долг кон инвеститорите, спротиставувајќи се на аргументите на регулаторот СЕБИ.

-Не велам дека не е главен во Сахара Груп, но велам дека не е одговорен, изјави неговиот адвокат пред судот.

Од СЕБИ тврдат дека парите кои Сахара Груп ги собрала од инвеститорите преку компанијата Sahara India Real Estate Corporation биле префрлани на сестринските фирми, а како најодговрен за тоа го посочуваат Субрата Рој.

-Ако Субрата Рој постојано бараше средби со претседателот на СЕБИ и комуницираше со СЕБИ за овој проблем, сега тој не може да тврди дека немал никаква врска со компаниите, изјави адвокатот на СЕБИ.

Следното рочиште во Врховниот суд во Индија е закажано за 13 ти август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска