Се она што Брегзит ќе го промени кај компаниите

Од:

По падот на берзите минатиот петок, компаниите се прашуваат какви ќе бидат последиците од британската одлука
1 јули 2016

Ле-з-еко – Париз

Какви ќе бидат ефектите од Брегзит врз економската активност? По петочниот потрес на берзите, компаниите се прашуваат какви ќе бидат последиците од британската одлука.

– Корпоративните лидери ни се обраќаат за да дознаат како ќе се развиваат нештата во Велика Британија. И дали тоа значи дека ќе има рецесија во втората половина на годината, вели Лудовик Сирбан, главен економист во „Еулер Хермес“.

Всушност, Велика Британија е клучен партнер на редица индустрии како автомобилската, хемиската, прехранбената и производството на машини, но и во секторот на услуги, независно од тоа дали станува збор за француски транспортни компании, преработка на вода или отпадоци, или пак туризмот, затоа што Франција е втората туристичка дестинација за британците, по Шпанија,

Шок за куповната моќ на Британците

Во областа на билатералната трговија, на пример, минатата година Велика Британија купила од Франција хемиски производи за 4,1 милијарди евра и прехранбени за 5,3 милијарди евра.
Првиот елемент за размислување по падот на вредноста на фунтата – ќе има шок, независно дали ќе биде поголем или помал – за куповната моќ на Британците. Компанијата „Еулер Хермес“ очекува пад на побарувачката во втората половна од годината. Погодени ќе бидат „луксузните стоки и услугите“, прогнозира Лудовик Сирбан.

Во автомобилскиот сектор продажбата во 2017 година ќе опадне посилно од очекуваното, посочува аналитичката група ИХС, а според Асоцијацијата на германските индустрии (АША), и извозот на производителите на вина и млечни производи веројатно ќе опадне.

Да се дејствува брзо како одговор на реакциите на пазаарот

Нешто друго со сигурност може да се очекува – компаниите ќе треба да се адаптираат кон околината која е засегната од поголема валутна нестабилност. Во петокот, „Пежо Ситроен“ објави дека групацијата веќе разгледува различни сценарија за коригирање на своите тарифи за да „одговори брзо на реакците на пазарите“.

Еден ден по референдумот Вероник Лори, францускиот генерален директор на „Кингфишер“ во врска со Брегзитот за „Ле-з-еко“ изјави: „За „Кингфишер“ тоа, меѓу другото, ќе има двојно влијание; врз движењето на луѓето од групата; и, според условите на новите трговски договори кои ќе произлезат од тоа, врз увозото на редица производи купувани во Европа и продавани во нашите британски продавници“.

Со сигурност редица проекти треба да почекаат

Вистина е дека ќе бидат неопходни повеќе години за да се оформи јасна визија за новите трговски договори, со кои се уредуваат односите меѓу Велика Британија и големите зони на планетата. А тоа може да натера некои играчи да забават со своите инвестиции во британската економија.
Како потврда на оваа теза се зборовите на еден адвокат од париската комора: „Неделава имавме средба со група од голема француска индустрија за нејзиниот проект да изградат свој центар во Англија. Тие се откажаа од идејата и со сигурност можеме да очекуваме дека редица проекти ќе треба да почекаат пред да ја видат светлината на денот“.

И развојот на регулативата исто ќе биде интересно сиже. – Ние ќе бидеме многу внимателни за почитување на конкурентната способност на нашите компании кога ќе се воведуваат нови регулативи. Со Брегзит, земјата би можела да си постави за цел да се ослободи од правилата кои во моментв важат на територијата на ЕУ, коментира Дидие Лио Вели, директор за меѓународни прашања во Синдикатот на работниците во хемиската индустрија.

Се искажуваат различни мислења за влијанието на Брегзит при спојувањата и преземањата. Некои странски инвеститори, кои гледаат на Обединетото Кралство како на врата кон Европа, можно е да ги преобмислат своите позиции и да одат на друго место. Други пак, токму спротивнто, сметаат дека слабеењето на фунтата би можело да овозможи добри можности, па дури и да биде почеток на периодот на „распродажби“ во земјата.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он