СДСМ: Задоцнета е лажната грижа на Мицкоски, законот е одложен, се наоѓа решение во интерес на пазарџиите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Антинародниот Христијан Мицкоски продолжува со лажната загриженост и со лицемерието кон граѓаните.

11 години Хидро Мицкоски мислеше на сопствените интереси, на бизнисите со хидроцентралите кои ги доби од неговиот ментор Никола Груевски. 11 години Мицкоски не прозборе ниту збор за пазарџиите, за земјоделците, за граѓаните.

Сега, уплашен од поразот што го чека на изборите, Мицкоски без идеја, без програма, лицемерно глуми загриженост.

Доцни Хидро Мицкоски 11 години, доцни и сега , откако веќе законското решение е одложено. Пазарџиите можат да бидат спокојни, ќе се најде вистинското решение кое ќе биде во интерес на економијата, земјоделците и пазарџиите.

СДСМ секогаш била во заштита на интересите на граѓаните, така ќе биде и овојпат. Со компромис и меѓусебно разбирање градиме едно општество за сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди