СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја осиромаши и задолжи државата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Животот на стотици илјади граѓани беше ставен на работ на егзистенција токму преку криминалните политики на антинародната ВМРО-ДПМНЕ која врз основа на лично богатење на поединци ја осиромаши и задолжи државата.

За разлика од таквиот однос, Владата предводена од СДСМ преку конкретни мерки ја стабилизираше и придвижи економијата, се обезбедуваат повисоки плати за сите работници, се зголемуваат инвестициите, а повеќе пари остануваат кај граѓаните.

Растот на Бруто домашниот производ од 3 отсто во третиот квартал од 2018 година е последниот показател за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.

Додека еконономијата расте и се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку груби манипулации продолжува да глуми загриженост за граѓаните.

Според јавно објавените податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено само четири производители на леб, а досега ниту еден голем производител на леб ја нема зголемено цената на лебот.

Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард на граѓаните,институциите, Министерството за земјоделство веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот доколку биде потребно“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он