СДСМ: Владата продолжува со погрешните политики за пченицата

Од:

Министерството за земјоделство, наместо да изврши интервентен откуп на пченицата, продолжува со погрешни и контрапродуктивни мерки за решавање на состојбата со откупот на лебното жито, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на министерот Љупчо Димовски.

„Во битолско-прилепскиот регион, пченицата или не е ожнеана или земјоделците ја носат дома, поради немањето интерес од страна на откупувачите да ја платат по 15 денари за килограм. Цели дворови им се полни со вреќи пченица која никој не ја откупува, а поради беспарицата, некои земјоделци се принудени да ја продават по 8-9 денари на трговци кои ја плаќаат на црно, во кеш. Единственото решение на проблемот, за кое се сложуваат и земјоделците и мелничарите, е владата да изврши интервентен откуп на пченица од индивидуалните земјоделци на кои реално производната цена им е повисока и на тој начин да го регулира пазарот. Само 10.000 тони да откупи по цена од 15 денари за килограм, тоа се нешто повеќе од 2 милиони евра. Овие пари државата повторно ќе си ги врати во јануари кога ќе ја пушти пченицата на продажба“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он