СДСМ: Политиките на владата даваат резултат, потврда се инвестициите, растот на платите и падот на невработеноста

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не можејќи да се помири со успесите на економските политики на Владата предводена од СДСМ, антинародната ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести во кои никој не верува.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше и можеше, ќе ја реализираше инвестицијата за која денеска лаже, ќе реализираше и други бројни инвестиции, но наместо тоа, антинародната партија се посвети на криминал, корупција и криминално богатење на поединци.
17 нови инвестиции моментално се во различни фази на реализација, а една од нив е и индиската компанија „Малхотра“, што е резултат на вистинските економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Потврда за тоа е и рекордниот број на странски инвестиции во минатата година, растот на платите и падот на невработеноста на 20.8 отсто.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, повеќе инвестиции, нови работни места, економски раст и повеќе пари кај секој граѓанин“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он