СДСМ: Пензионерите да бидат сигурни, пензиите и натаму и ќе растат

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Продолжуваат лагите и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години манипулираше со пензионерите, партијата која заради криминални интереси остави огромна дупка во Буџетот на ПИОМ.

Не е точно дека пензиите ќе се кратат. Вистината е дека тие растат и ќе продолжат да растат согласно растот на трошоците за живот, а законското усогласување на пензиите и во иднина ќе се прави двапати во годината.

Податоците од Државниот завод за статистика ги демантираат проѕирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ. Просечната пензија во 2016 изнесувала 13 754 денари, а во 2018 изнесува 14 421 денар.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со растот на платите и пензиите и затоа лицемерно лаже и вади бројки од ракав.

Пензионерите да бидат сигурни, пензиите и натаму и ќе растат, а ВМРО-ДПМНЕ да учи што значи вистинска грижа за пенионерите.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он