СДСМ Охрид: Граѓаните треба да знааат до каде се преговорите со Субрата Рој

Од:

Граѓаните треба да знааат до каде се преговорите на Владата со индискиот бизнисмен Субрата Рој бараат советниците од СДСМ во Советот на општина Охрид.

Тие бараат општина Охрид да направи сопствена анализа со цел да се утврди кои ќе бидат ефектите од најавената потенцијална инвестиција.

„Општина Охрид мора да изготви таква анализа со цел да ги процени ефектите кои ќе ги има инвестирањето во таа туристичка развојна зона, отколку потоа да се покаже дека по инвестирањето таа инвестиција ќе има негативни последици. Прашањето  не е политичкo,  туку е суштествено за развојот на граѓаните на Охрид“, рече Јован Стојаноски советник на СДСМ.

„Како општина сме максимално вклучени во реализација на тој проект. Во моментот се вцртуваат границите на туристичко развојната зона во Љубаништа. Наскоро ќе биде објавен јавен повик, каде заинтересираните инвеститори ќе имаат рамноправна позиција за да стартуваат од нулта позиција и истиот да го добие оној кој ќе биде најповолен понудувач. Се надевам дека и таму ќе добиеме објекти кои ја збогатат туристичката понуда на Охрид.

– Разговараме и со МПЦ и таа е вклучена во тие преговори. Овој процес го води Владата и ние сме во постојана комуникација со нив. Јас верувам дека со МПЦ ќе се надминат сите разлики доколку постојат и овој проект ќе се реализира за бенефит, а не на ничија штета“.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“