СДСМ: Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација

Од:

„Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација, поради целосно промашената, аматерска економска политика на владата на Христијан Мицкоски. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација е зголемена на 4,5 % – за толку се зголемени трошоците на животот во јуни 2025 година во споредба со јуни 2024 година. Во истиот период цените на мало поскапеле за 3,7%. Статистиката не лаже – животот станува уште поскап, а инфлацијата притиска и ја опаѓа куповната моќ“ соопштија од СДСМ.

Од партијата велат „додека Мицкоски се расфрла со лажни бројки за некакви економски успеси, реалноста во секој дом е сосема поинаква – празни паричници, скапи производи и семејства кои едвај преживуваат од ден за ден. Никогаш граѓаните не биле посиромашни, како сега. Инфлацијата континуирано не само што го јаде семејниот буџет, платите, туку и економскиот раст. Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста“.

„Прво Мицкоски излажа за растот на БДП, не е 3,4% како што рече тој, туку 3%. Кога ќе се спореди со инфлација од 4,5% значи не само што нема раст, туку е негативен. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%. Додека граѓаните прават математики дали и колку да купат храна или да платат сметки, власта и ребалансот го скрои за сопствените трошоци и луксузирања. Нема пари за повисока минимална плата, но има пари за повисоки функционерски плати“ е ставот на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски