СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Од:

„Според најновите податоци на Евростат, Македонија е претпоследна во Европа по висина на минималната плата, позади е само Албанија. Истовремено, Македонија има најнизок стандард на куповна моќ, односно со помалку од 750 стандард на куповна моќ (скм) сме под Литванија со 878 скм, што е најнизок во Европа. Ова се последиците од политиките на ВМРО-ДПМНЕ која упорно одбива да ги прифати мерките за покачување на платите што СДСМ континуирано ги предлага“ соопштија попладнево од СДСМ.

Од партијата велат „Додека сите европски држави ги зголемуваат платите и се борат да им помогнат на граѓаните со високите трошоци за живот, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира сите закони за унапредување на животниот стандард. Во изминативе месеци, одбиени се предлозите на СДСМ за ново покачување на минималната плата, за мерки за раст на платите во приватниот сектор, како и за директно намалување на цените на основните производи“.

„Податоците на Евростат се пораз на политиките на власта која избра да ги штити профитите на големите компании, да троши народни пари на шетање по светот, папаја и манго но цврсто одлучи да нема повисоки плати. Трајко Славевски и Христијан Мицкоски ќе бидат запаметени како главните кочничари на растот на платите. Тие свесно сакаат да го втурнат народот во сиромаштија. Да потсетиме дека во време на СДСМ, и покрај сите економски кризи, минималната плата беше зголемена од 9.000 денари на над 20.000 денари. Се донесе законско решение за усогласување на минималната плата со трошоците за живот и растот на платите. Се имплементираа пакети мерки за поддршка на домашната економија, субвенции за струја, и директна помош за ранливите категории граѓани во вредност од 2,6 милијарди евра. Платите во приватниот сектор почнаа да растат, а стандардот бележеше напредок“ е ставот на опозициската партија.

Од СДСМ велат „Потребна е одговорна економска политика што ќе обезбеди достоинствен живот, а не гол популизам без резултати“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави