СДСМ: Финансиската поддршка за граѓаните и компаниите продолжува во различни форми

Од:

Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од ценовните шокови и помош на компаниите велат од владеачката партија.

– Покажавме капацитет во справување со последиците од најголемата светска економска криза и тоа ќе продолжиме да го правиме. Следуваат нови мерки и различни форми на помош како за граѓаните така и за компаниите. Во тој правец е ребалансот на Буџетот преку кој се обезбедуваат 76 милиони евра помош на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за земјоделството, за повисоки плати и пензии. Она што е особено вредно да се истакне е дека Владата предводена од СДСМ продолжува да ја субвенционира цената на произведената електрична енергија за граѓаните да добиваат пониски сметки за електрична енергија се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале во целост препораките на Државниот завод за ревизија

Катерина Ѓуровски

Петровска од Штип: СДСМ има одговорност кон граѓаните и државата

Катерина Ѓуровски

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Катерина Ѓуровски

Филипче: Привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството членови нема да има

Деспотовски: Покренавме бран на промени во СДСМ, ја враќаме моќта кај луѓето

Спасовски: Програмата на Владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, различна од се она што го говореше