СДСМ: 283.000 граѓани добиваат финансиска помош од 6.000 денари

Од:

„СДСМ во време на кризата со коронавирусот не отстапува од своите заложби за солидарност, хуманост и меѓусебна поддршка и грижата за секој еден граѓанин, за секоја една компанија.

Институциите со одговорни навремени политики, преку четири пакети економски мерки им помогна на илјадници претпријатија да ги задржат своите бизниси, да ги задржат своите вработени.

Преку домашни платежни картички и ваучери за туризам, беа помогнати над 320.000 граѓани а веќе овие денови дополнителни 283.000 граѓани добиваат финансиска помош од 6.000 денари“, велат СДСМ.

„На здравствените работници кои со месеци се на првата линија на фронтот со невидливиот непријател, на 7.600 вработени во здравството кои работат со лица заболени од коронавирусот, ќе им биде исплатена награда во висина од 30.000 денари.

СДСМ во изминатите три и пол години со низа примери на дело ја покажа посветеноста за градење на фер, праведно и правично општество.

Владата предводена од СДСМ во два наврати ја зголеми минималната плата, од 9.000 на денешните 14.500, која сега е иста во сите индустриски гранки.

Исправена е неправдата кон стечајните работници, сега тие добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до пензионирање. Лицата над 65 години кои не оствариле право на пензија, денес добиваат социјална државна пензија од 6.000 денари месечно.

Преку социјалната реформа, за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош и го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток.

Продолжуваме со грижата за граѓаните, за компаниите, за да биде уште подобро за сите“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он