Сарачини: До 3 отсто раст на македонската економија годинава

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини очекува македонската економија годинава да има раст од 2,5 до 3 проценти што е над првично планираното.

– Во првите два квартала од годинава имавме раст поголем од очекуваниот. Очекувам таквиот тренд да продолжи и 2013-та да ја завршиме со раст од 2,5 до 3 отсто, рече Сарачини, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи.

Тој нагласи дека дадоа резултати сите мерки и политики на Владата преземени во 2012 и 2013 година за амортизирање на негативните ефекти од еврокризата. Како пример ги посочи ефтините кредити од 100 милиони евра за компаниите, зголемената реализација на капиталните инвестиции и проектите за поддршка на малите и средните претпријатија.

– Почнуваат да се зголемуваат нарачките од странските пазари. Имаме и зголемување на извозот на нашите производи во западноевропските земји за 10 до 15 отсто. Сведоци сме дека и економијата во земјите од ЕУ се подобрува. Затоа очекувам да продолжи растот на македонската економија до крајов на годинава, рече министерот Сарачини.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата