„Сахара Индија Паривар“ со големи планови за Македонија

Од:

Компанијата „Сахара Индија Паривар“  има големи планови со Македонија и очекува поддршка од државата и народот, изјави денеска Сушанто Рој, син на индискиот бизнисмен Субрата Рој.

По денешната посета на локацијата во Љубаништа  каде што е предвидена градба на голем туристички ресорт, тимот од компанијата предводен од сопственикот и неговиот син,  ги разгледа убавините на Охрид и најави дека за година до две ќе започне со реализација на бројни проекти.

-Тимот  ги разгледуваше  убавините на оваа земја, места, плажи, реки, казина, хотели, ресорти, резиденцијални објекти…Има многу работи кои ги планираме во Македонија, за таа цел ќе донесеме експерти од Индија. Сакаме да развиеме повеќе сектори како угостителството, земјоделството, фармерството. Имаме големи планови со Македонија, очекуваме дека ќе бидеме поддржани од државата и од народот, изјави Сушанто Рој.

Во 2014 или 2015, нагласи, мислам дека ќе бидете во можност да видите многу градби и активности.

– Тоа е нашиот план за Македонија, подготвуваме голем тим кој ги разгледува сите проекти што  ќе ги работиме тука, рече Сушанто Рој.

Тој смета дека Балканот е многу интересен и оти има голем потенцијал за нови инвестиции и развој.

Според најавите, Субрата Рој утре ќе има средби со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и со претседателот Ѓорѓе Иванов, на чија покана ќе присуствува на свеченото отворање на 53. издание на Охридско лето.

Во сабота компанијата ќе биде домаќин на голем коктел на кој меѓу другите, е најавено присуство и на претседателот Иванов и премиерот Никола Груевски, како и министри и претставници на дипломатскиот кор.

Милијардерот Субрата Рој најави голема инвестиција во Македонија, вредна стотици милиони евра, преку изградба на суперлуксузен туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ на локација кај автокампот „Љубаништа“, на површина од 240 хектари.Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени.

Индиската компанија од локалната самоуправа побара дополнинтелни 17 хектари земјиште потребни за сместувачки капацитети наменети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска