„Сахара груп“ ќе гради туристички комплекс од врвна светска категорија на Охридското Езеро

Од:

„Сахарајан Македонија“ е проектот што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе го реализира во Македонија. Предлогот за инвестицијата е доставен до македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески на 20-ти овој месец.

– Ни претставува голема привилегија што по неколкумесечни подготовки ја составивме визијата на нашиот претседател Субрата Рој за локација од светска класа во градот Охрид и ќе ја претставиме на премиерот на Република Македонија и министрите од неговата Влада. Проектот е наречен ’Сахарајан Македонија’ и ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридското Езеро и ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди, стои во писмената изјава на синот на Субрата Рој, Семанто Рој,  извршен директор и шеф на одделот за меѓународен бизнис на „Сахара Индија Паривар“.

Проектот за комплексот е на една од најјаките светски компании британската „Аткинс“, а предвидува изградба на туристички комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода…

Проектот е со целосна еколошка студија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски