САД: Зголемен за 22 проценти буџетскиот дефицит

Од:

Буџетскиот дефицит на САД се зголеми за 22 проценти во октомври во однос на истиот месец минатата година, на 120 милијарди долари, откако расходите ги надминаа приходите, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон.

Потрошувачката минатиот месец е зголемена за 16 проценти на 304,3 милијарди долари, додека приходите се зголемени за 13 отсто на 184,3 милијарди, се наведува во соопштението на министерството.

Во октомври, првиот месец од фискалната година во САД, традиционално се бележи дефицит на буџетот, сепак дефицитот од октомври 2012 година значително ги надмина очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа тој да достигне 113 милијарди долари.

Буџетскиот дефицит на САД во фискалната 2012 година, заклучно 30 септември, беше намален на 1,1 билион долари или седум проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Администрацијата на претседателот Обама планира буџетскиот дефицит за годинава да го намали под еден билион долари за првпат во последните пет години.

Целниот буџетски дефицит на САД за 2013 година, според проценките на Белата куќа треба да изнесува 991 милијарда долари или 6,1 отсто од БДП.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“