Гувернерот на американската сојузна држава Мичиген, Рик Снајдер вчера објави вонредна состојба, поради финансиска пропаст на градот Детроит, симбол на урбаното сиромаштво и насилство во Северна Америка.
Детроит е на работ на пропаст, а гувернерот наскоро ќе го стави под принудна управа.
-Детроит не може да чека -изјави тој и додаде дека мора сега да се решат проблемите, бидејќи граѓаните ги немаат потребните услуги и дека САД е пред финансиска криза.
Детроит родното место на американската автомобилска индустрија, во рок од 10 дена треба да вложи жалба за одлуката за воведување принудна управа.
Доколку остане на сила ќе биде поставен координатор со вонредно овластување кој може да ја утврди градската економска политика и да донесе прописи кои општините мора да ги почитуваат.
Поделени се мислењата за успешноста на таквите координатори кои сега имаат право во четири помали града на Мичиген.
Подготвеноста на републиканецот Рик Снајдер да биде старател на градот во кој поголемиот број од жителите се црнци и демократи, предизвика остри критики.
Елена Георгиевска