САД се уште далеку од договор за буџетската криза

Од:

Неколку стотици американски ветерани протестираа против затворањето на спомениците во нивна чест во центарот на Вашингтон.

Ова се наши споменици, и нам ни припаѓаат – изјави Стив Невелс од Западна Вирџинија. Сара Пејлин, која беше републикански гувернер на Аљаска и кандидат за потпретседател на изборите во 2008 година, го обвини претседателот Барак Обама за оградувањето на спомениците.

Погледнете ги овие барикади. Дали вака треба да се однесува врховниот командант на вооружените сили, дали вака им оддава почит на ветераните – праша Пејлин.

На протестот демонстрантите носеле пароли со кои барале смена на претседателот Обама, но и најмалку едно знаме на Конфедерацијата – јужните држави во САД во Граѓанската војна. Голем број национални паркови и историски значајни места низ САД се затворени по блокадата на федералната влада. Во Конгресот, пак, двете партии не се поблиску до догвоор, иако на 17 октомври истекува рокот до кога Секретаријатот на финансии може да позајмува пари за санирање на буџетскиот дефицит.

Ако не се постигне договор, на САД им се заканува банкрот, при што властите ќе мора да решат која од финансиските обврски ќе ја прекршат – отплатата на странските долгови или некоја од обврските кон социјалните програми, армијата или дискрециските расходи.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари