Руското ембарго како благодет?

Од:

Дојче Веле – Берлин

Западните санкции на Кремљ дадоа одличен повод руското земјоделство да се огради од западната конкуренција. За предностите и недостатоците на таа руска стратегија размислува Андреј Гурков, економски аналитичар на руската редакција на Дојче веле.

Што е вистинската цел на руското ембарго на прехранбените производи, кој со указ на претседателот на Русија Владимир Путин е воведено на 6 август 2014 година? Дали тоа беше одговор на санкциите, кое нешто пред тоа го воведе Европската унија и тоа на врвот на реализацијата на сепаратистичкиот проект „Новорусија‟ на истокот на Украина?

Или, под плашт на одговор на санкциите од Брисел со еден потег избриша многу отстапки во аграрниот сектор, кои Русија ги спроведе во 2012 година, веднаш по пристапувањето во Светската трговска организација (СТО)? Дали всушност целта е руските селски имоти максимално да се оградат од западната конкуренција?

Целта е исклучување на конкуренцијата

Верувам дека токму овој втор мотив беше главен и тоа од самиот почеток. Додуша, сите во Москва на почетокот се надеваа дека земјоделците во ЕУ кои се погодени од ембаргото, своите политичари ќе ги изложат на сериозен притисок за да се укинат санкциите кон Русија.

Но, тоа не се случи. Пред се, затоа што губењето на рускиот пазар (германскиот земјоделски извоз во Русија на пример двојно се намали) ни од далеку не ги погоди толку тешко земјоделските производители во ЕУ, кои директно беа изложени на ембаргото. Заслуги за тоа имаат само земјоделците кои брзо се преориентираа во своето производство, но и Брисел кој на време упати финансиска помош.

Во принцип, две години по воведувањето на ембаргото, погодени се само производителите на млеко. Тие паднаа во вртлог на глобална криза на хиперпродукција, а руското ембарго таа криза многу ја заостри. Но, тие производители не се во состојба да ја променат политиката на Брисел. Така ни оваа цел на Кремељ не се оствари.

Но, како што кажав тоа и не е основната цел. Многу поважно беше да се подигне моќен ѕид за заштита на домашните земјоделци од светската конкуренција. И во таа протекционистичка намера Кремљ беше успешен. И тоа според сопствено видување е толку успешно што рускиот премиер Дмитриј Медведев кон крајот на јуни побрза пред време да ги продолжи „мерките за одговор‟. И тоа не на една година, туку до крајот на 2017.

Шунката како изговор

Не, тоа не беше одговор на санкциите, туку целна државна политика. Таа почна уште пред анексијата на Крим. Кој производ во руските медиуми стана еден од симболите за ембаргото? Шпанската шунка? Но, на тој деликатес не му е попречен патот до руските маси во август 2014 година, туку шест месеци порано, во јануари, кога државната надзорна комисија под изговор за борба против африканскиот свински грип, забрани увоз на свињи од сите 28 земји на Европската унија.
Случаи на оваа болест беа регистрирани само во источна Полска и во прибалтичките земји. Непримерната острина на оваа мерка уште тогаш посведочи за протекционистичка, а не за санитарна цел, уште повеќе што доставата од Белорусија не се прекина, иако таму заразата траеше долго.
Едноставно, Москва сметаше дека дојде време за заштита на руското свињарство од страна на конкуренцијата, со оглед на тоа дека државата во развојот на оваа област тогаш инвестираше големи средства.

Зголемени количини, запоставување на квалитетот

Можно е многу читатели овие мерки да ги сметаат оправдани дури и ако причината всушност е прикриена. Самата идеја за протекционизмот во Русија е далеку попопуларна отколку во Германија. Тоа како што гледаме би требало да се признае како нешто што се подразбира само по себе, како национална специфичност и традиција.

За тоа не треба да се суди според категориите „добро‟ или „лошо‟ туку дали функционира или не. Количински гледано, за сега тоа без сомневање функционира. Руските продавници во големите градови се преполни со производи како и претходно, но многу од нив се произведени во Русија.
Меѓутоа, ембаргото не доведе до недостиг како во времето на Советска Русија, но изборот на намирници не е многу голем. Вистина, многубројни забелешки има на квалитетот. На пример, во руската јавност се води жестока расправа за палминото масло во сирењето.
Што ако ЕУ одеднаш ги укине санкциите?

Истовремено намалувањето на понудата и конкуренцијата во периодот од 2014 до 2015 доведе до инфлација во прехранбениот сектор. Русите за прв пат од 2009 година повеќе трошат на храна отколку на други производи, што се објаснува со намалување на нивните плати и поскапувањата на прехранбените производи.

Вистина, оваа година, во услови на идно намалување на куповната моќ на граѓаните, стапката на инфлација се намалува. Тоа значи дека ќе успори и растот на цените на производите од аграрната индустрија, што може да влијае на нивната рентабилност.

Дали потоа под тие услови ќе се инвестира во проширување и модернизација на фирмите? Во подобрување на квалитетот? Одлуката на државниот врв на Руската Федерација да го продолжи ембаргото на западните производи до крајот на 2017 година е насочена кон поттик на инвестициите во оваа бранша бидејќи го шири хоризонтот за планирање за половина година и на бизнисот дава дополнителна сигурност.

Но, што ќе се случи ако, како што тоа го сака Москва, за некоја недела санкциите на ЕУ кон Русија едноставно не се продолжат? Рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукајев, престојувајќи кон крајот на март во Германија, рече дека „во тој случај ќе се измени и режимот за противсанкциите‟. Впрочем, руските земјоделци немаат причина за загриженост. Тие од европската конкуренција и така ќе бидат заштитени со нискиот курс на рубљата во однос на еврото.
Освен тоа, државните инспекции можат секогаш во странска храна да најдат некакви носители на зараза. Треба да се загрижат за една сосема друга работа. Успехот за надоместување на увозот на аграрни производи со руски производи не е обезбеден само со протекционизам туку и со широка државна поддршка на селските фарми и имоти.

Дали Руската Федерација заедно со своите региони ќе најде сили и понатаму да доделува субвенции на земјоделците во овој обем? Премиерот Медведев недвосмислено стави до знаење дека „пари нема‟. Што ќе се случи ако луѓето од рускиот аграрен сектор одеднаш останат без државни субвенции на кои се навикнати? На тоа прашање за сега нема одговор. 

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва