Економист – Лондон
Политичкиот систем во Русија често е нарекуван „власт по вертикала“, при што функциите во управувањето се фокусирамни кај човекот на врвот. Затоа годишното претседателско обраќање на Владимир Путин е особено важно.
Обраќањето „не е разговор со народот“, пишува Андреј Колесников, од истражувачкиот Московски центар Карнеги, туку склоп од идеолошки насоки за руската елита. Овогодинешниот говор на 3 декември беше задоволително мек, што зборува за откажување од конфронтацискиот курс кој Путин го следеше откако се врати на претседателската позиција во Русија во 2012 година.
Навистина, Путин започна со заканите од тероризмот и вообичаено додаде дека Америка е виновна затоа што „решила да ги отстрани несаканите режими на Блискиот Исток, и брутално да ги наметне своите правила“ создавајќи совршени услови за граѓанска војна.
Тој ја критикуваше и Турција – новиот главен непријател на Русија откако таа го сруши рускиот бомбардер – заканувајќи се дека трговските санкции кои ги воведе Русија можат да бидат проследени со нови мерки.
Но, поголемиот дел од говорот беше помирољубив, фокусиран на економијата, на неопходноста земјата да се подготви за ниските цени на нафтата, како и за социјалните прашања. Украина не беше спомната; Крим беше напоменат само на кратко. Ном отсуствуваше и антиамериканизмот. Никој не очекува од Кремљ да направи нагло свртување кон Западот, но промената на тонот беше почувствувана.
Путин можеби чувствува од каде дува ветерот. Според неодамнешно истражување од Центарот Левада, 75 проценти од Русите сметаат дека односите со Западот би требало да бидат подобрени. Освен тоа Путин можеби едноставно размислува колку е разумна понатамошната конфронтација со надворешниот свет. Економијата на Русија е во опасна ситуација како што тој впрочем и призна во обраќањето: „Ако не промениме ништо, само ќе со ги исцрпиме ресурсите, а нивото на економски раст ќе се врти околу нулата“.
Економските тешкотии започнуваат да погодуваат групи од населението кои вообичаено се верни на руското раководство. Од средината на ноември во Русија бавно се разгорува национален протест на возачите на камиони. Тие протестираат против новиот систем од даноци за превоз на тешки товари по федералните главни патишта. Се бунтуваат и против тоа дека човекот на кого му се плаќа да управува со системот е Игор Ротенберг – син на еден од најстарите блиски пријатели на Путин – Аркадиј Ротенберг. „Ротенберг е полош од ИД (Исламска држава)“, пишуваше на плакат на камион во јужна Русија.
Тоа противење меѓу самостојните претприемачи и системот од блиски пријатели во Русија има силна политичка резонанса. Руските државни медиуми ја избегнуваа таа историја затоа што не можат да се стават на страната на возачите на камиони кои припаѓаат на работничката класа како либерални трговци или доставувачи. Возачите велат дека само сакаат одговори од владата.
– Ние не бараме многу, само сакаме разговор меѓу нас и властите, рече за руски блогер еден од оние кои протестираа, Александар Расторгуев. Но, всушност токму таков дијалог со власта по вертикалата на Путин не може да се дозволи.
Иако возачите можеби ќе го добијат тоа што го бараат, нивниот протест е одраз на прблемите кои се развија под површината на скокнатиот до небо рејтинг на Путин. Економската ситуација се влошува. Државниот буџет за 2016 година е намален за осум проценти во споредба со претходната година. Реалните приходи за првпат паѓаат во текот на претседателствувањето на Путин.
Ниту еден руски државен службеник не смее да ја поддржи каузата на возачите на камиони, но опозицискиот политичар Алексеј Навални се обидува да ги искористи протестите.
Уште поопасни се всушност обвиненијата кои минатата недела ги искажа Навални и неговиот Фонд за борба со корупцијата против семејството на генералниот јавен обвинител на Русија, Јуриј Чајка, во 44-минутен филм кои беше објавен на интернет.
Филмот започнува со кадри од церемонијата за отварање на луксузен хотел во одморалиште во Грција, придружено со голем огномет, преполно со руски поп ѕвезди, на кое присуствуваше и рускиот министер за култура. Потоа во филмот се тврди дека хотелот делумно е во сопственост на синот на Чајка – Артим и дека е тоа само еден од имотите кои ги добиле синовите на Чајка преку приватизациски зделки и државни тендери.
Чајка одрекува и го обвини Навални дека извршува нарачка на неименуван нарачател. Тој има намера да покрене обвнение за клевета. Од своја страна, и Навални рече дека ќе го тужи Чајка за клевета. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, одби да го коментира филмот на Навални и рече дека Кремљ е многу зафатен со подготовката за обраќањето на Птун за да има време да го гледа.
Овој надмен одговор можеби е знак за тензии меѓу управувачката елита, но Путин нема да го остави Чајка, а спроведување на вистинска кампања против корупцијата е исклучено; тоа би значело рушење на целиот систем на „вертикалата“ на власта. Од истата причина за Путин е невозможно да прифати совети за оние кои бараат либерализација на економијата, намалување на бирократијата и поттикнување на конкуренцијата. Наместо тоа, претседателот да реши за преземе уште чекори за одвлекување на вниманието.
Русите го величаат својот претседател делумно затоа што повторно ја претвора нивната земја во „голема сила“, а кога ќе бидат прашани што ја прави една земја голема, тие посочуваат два квалитети: богатството и воената моќ. Колку помалку богатство може Путин да обезбеди дома, толку повеќе тој треба да демонстрира воена моќ во странство.